Секторот за внатрешни работи Тетово поднел кривична пријава против двајца вработени во Итната медицинска помош при ЈЗУ Тетово, на возраст од 35 и 51 година, поради сомнение за неукажување медицинска помош, информира Министерството за внатрешни работи.
Според информациите од МВР, случајот се однесува на настан од 29 јуни 2026 година, кога првопријавената И.В. примила телефонски повик со информација дека има повредено лице во селото Доброште.
Иако била известена за случајот, според пријавата, таа не испратила медицинска екипа на местото каде што се наоѓало повреденото лице. За настанот го известила и второпријавениот И.М., кој ја извршувал функцијата раководител.
Против двајцата вработени е поднесена кривична пријава поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неукажување медицинска помош“.
Случајот е пријавен од СВР Тетово, а понатамошната постапка треба да утврди дали постои кривична одговорност кај пријавените лица.






