Во насока на подобрување на безбедноста на граѓаните и уредување на јавните површини, Општина Кавадарци реализираше активности за поставување заштитна ограда на крак од улицата „25 Мај“.
Со поставувањето на оградата се обезбедува дополнителна заштита за пешаците и жителите од овој дел на градот, со што значајно се намалува ризикот од несакани сообраќајни незгоди и се овозможуваат побезбедни услови за секојдневно движење.
Од Општина Кавадарци истакнуваат дека продолжуваат со континуираните активности за подобрување на комуналната инфраструктура и создавање побезбедна и поуредена урбана средина за сите граѓани.




