Општина Кавадарци реализираше градежни активности за изградба на нов потпорен ѕид во дворот на подрачното основно училиште „Страшо Пинџур“ во село Дреново.
Градежната интервенција следуваше по обрушувањето на делови од постојниот потпорен ѕид, со што се создаде потреба од итно и трајно санирање на теренот.
Со изградбата на новиот ѕид се обезбедува поголема стабилност на просторот и целосно се спречува понатамошно ронење и обрушување на земјиштето. Со ова се создаваат значително побезбедни и посигурни услови за престој и движење на учениците, наставниот кадар и сите посетители на училишниот двор.
Од Општина Кавадарци истакнуваат дека продолжуваат со континуираните вложувања во подобрување на училишната инфраструктура, со цел обезбедување квалитетни и безбедни услови за образование во сите населени места низ општината.



