ПРВ.мк
Скопје

Скопје пред инвазија на стаорци: Дете каснато на игралиште!

Скопје пред инвазија на стаорци: Дете каснато на игралиште!

Десетгодишно дете беше каснато од глушец додека си играло на игралиште во скопската населба Капиштец, со што јавноста беше алармирана за сериозниот проблем со глодарите во градот. Детето доби медицинска помош поради раскрвавена рака, а инцидентот ги покренува алармите за биолошка опасност во главниот град.

Скопје се соочува со голема криза во собирањето на ѓубрето – улиците и јавните површини се преполни со отпад, создавајќи идеални услови за размножување на глодарите. Јавното претпријатие „Комунална хигиена“ е под истрага, а дел од скопските општини започнаа сопствени акции со механизација за делумно санирање на состојбата.

Инфектологот Никола Пановски предупредува дека градот е пред вистинска биолошка катастрофа. „Скопје веќе 20 дена е елдорадо за глодарите. Имаат достапна храна во изобилство и се размножуваат интензивно. За еден месец, секој глушец може да донесе на свет десет младенчиња,“ изјави тој.

Пановски додава дека дури и по евентуално чистење, илјадници гравидни глодари ќе останат и ќе станат агресивни во потрага по храна. „Можеби ќе имаме исчистен град, но глодарите ќе ни влегуваат во подруми, гаражи и дури во домовите,“ предупредува експертот, повикувајќи ја Владата веднаш да прогласи вонредна состојба и да започне итна акција за чистење на градот.

Не дознавај последен- читај ПРВ.мк

Escape