ПРВ.мк
Магазин

КОЈА е новата Европска престолнина на СРЕЌАТА за 2025?

КОЈА е новата Европска престолнина на СРЕЌАТА за 2025?

Анкета на Time Out меѓу 18.500 испитаници откри дека Севиља во Шпанија е најсреќниот град во Европа за 2025 година. Дури 91% од жителите велат дека живеењето таму ги прави среќни, а 86% уживаат во малите секојдневни радости.

Шпанските градови доминираат на листата: Севиља е прва, следуваат Валенсија, Билбао и Мадрид. Причината за високата среќа е комбинација од сонце, култура, фламенко и опуштен начин на живот.

Но, не само Шпанија: Брајтон и Лондон во Англија, Глазгов и Единбург во Шкотска, како и Порто и Лисабон во Португалија се исто така на топ листата. Жителите го ценат позитивното чувство во градот, заедништвото, културата и убавината на секојдневието.

Топ 10 најсреќни градови во Европа за 2025:

  1. Севиља (Шпанија)
  2. Брајтон (Англија)
  3. Порто (Португалија)
  4. Валенсија (Шпанија)
  5. Глазгов (Шкотска)
  6. Лондон (Англија)
  7. Билбао (Шпанија)
  8. Лисабон (Португалија)
  9. Единбург (Шкотска)
  10. Мадрид (Шпанија)

Не дознавај последен - читај ПРВ.мк

Escape