Украина и Шведска преговараат за продажба на помеѓу 100 и 150 борбени авиони „Сааб ЈАС Грипен“, соопшти премиерот на Шведска, Улф Кристерсон, по средбата со украинскиот претседател Володимир Зеленски.
Зеленски истакна дека украинската армија планира да воведе и почне да користи „Грипен“ следната година, нагласувајќи дека овие авиони се приоритет за одбранбените способности на земјата. Двајцата лидери го посетија Линкопинг, каде што се произведуваат „ЈАС 39 Грипен“ во фабриката на шведскиот производител „Сааб“.
Кристерсон нагласи дека, иако има долг пат пред реализацијата на договорот, Шведска е посветена на истражување на сите можности за снабдување на Украина со значителен број борбени авиони во иднина. Преговорите за „Грипен“ се водат последните две години, но беа одложени додека Киев се фокусираше на воведувањето на американските „Ф-16“, кое започна минатиот август.
„Грипен“ е во употреба од 1996 година, а „Сааб“ досега има произведено околу 280 од овие авиони, кои се познати по својата маневрабилност и напредна технологија за современи воздушни операции.
Не дознавај последен- читај ПРВ.мк