ПРВ.мк
Магазин

Mercedes го вработи Aris: Тој не јаде, не спие и штеди милиони! Еве ги деталите

Mercedes го вработи Aris: Тој не јаде, не спие и штеди милиони! Еве ги деталите

Mercedes во Диселдорф воведе нов, необичен вработен – четириножен робот од Boston Dynamics наречен Aris, кој не бара плата, не јаде и не спие, а сепак е неверојатно ефикасен.

Неговата главна задача е да открива протекување на компримиран воздух и други технички аномалии во фабриката. Благодарение на напредните сензори и систем за вештачка интелигенција, Aris може да анализира необични звуци, да проверува аналогни мерачи и да се искачува по скали, пристапувајќи до тешко достапни делови на погонот. Компанијата проценува дека роботот може да заштеди шестцифрена сума годишно.

Фабриката на Mercedes во Диселдорф, со површина од 325.000 квадратни метри, произведува карго верзиите на моделите Спринтер и eSprinter, а Aris е дел од еден од најнапредните експерименти со роботика во германската автомобилска индустрија.

Ова не е првпат Mercedes да користи роботи: претходно воведе автономни дронови за броење контејнери, а во Берлин интегрираше хуманоидни роботи од Apptronik, целосно автономни и самостојни во извршувањето на задачи.

Новите системи, како Aris, ја зголемуваат ефикасноста и безбедноста, и ја водат компанијата кон дигитализирано, автоматизирано производство каде човекот и роботот работат заедно за одржлива и технолошки напредна иднина на автомобилската индустрија.

Не дознавај последен - читај ПРВ.мк

Escape