Поради планирани интервенции на електродистрибутивната мрежа, утре, 28 септември, без електрична енергија ќе останат делови од три скопски општини – Бутел, Гази Баба и Чаир.
Во Бутел, прекин на електричната енергија е најавен од 07:55 до 09:55 часот за дел од корисниците на улиците „Марко Крале“ и „Љубо Петровиќ“.
Во Гази Баба, без струја од 09:00 до 13:00 часот ќе бидат корисниците на улицата „840“, како и дел од улицата „Благоја Стефковски“, односно улицата „1“.
Прекин е најавен и во Чаир. Од 10:10 до 12:10 часот без електрична енергија ќе останат корисниците на улиците „Вуковарска“ и „Струмичка“.
Причина за прекинот во Чаир се планирани работи во трафостаницата „Чаир 18“, каде ќе се врши чистење, дополнување масло во кабловските глави и подмачкување на раставувачите.









