ПРВ.мк
Црна Хроника

СООБРАЌАЈНА НЕСРЕЌА: МАЛОЛЕТНИК ТЕШКО ПОВРЕДЕН

СООБРАЌАЈНА НЕСРЕЌА: МАЛОЛЕТНИК ТЕШКО ПОВРЕДЕН

Малолетно дете од Скопје е тешко повредено во сообраќајна несреќа што се случила попладнево на улицата „Славеј Планина“ во главниот град.

Според информациите, несреќата се случила околу 16 часот, кога дошло до судир меѓу автомобил „Ауди“ со скопски регистарски ознаки, управуван од 25-годишниот Б.С., и малолетниот пешак.

По несреќата, детето со возило на Итната медицинска помош било пренесено во Ургентниот центар „Мајка Тереза“, каде лекарите му констатирале тешки телесни повреди.

За случајот бил известен јавен обвинител, а по негова насока автомобилот бил одземен поради сомнение за сторено кривично дело „безобѕирно управување со моторно возило“.

Од надлежните е најавено дека по целосното документирање на случајот против 25-годишниот возач ќе биде поднесена соодветна кривична пријава.