ПРВ.мк
Црна Хроника

(ВИДЕО) СИЛНО НЕВРЕМЕ: Водата носеше маси и столови, улиците целосно поплавени

(ВИДЕО) СИЛНО НЕВРЕМЕ: Водата носеше маси и столови, улиците целосно поплавени

Силно невреме го погоди грчкиот остров Скијатос во саботата вечерта, предизвикувајќи поплави на улиците, проблеми во сообраќајот и откажување на дел од летовите.

Невремето започнало околу 19 часот, а за само триесетина минути огромно количество дожд ги претворило улиците во вистински порои. Најпогодени биле централните и крајбрежните делови на островот.

Водата со голема сила се слевала кон морето, носејќи маси, столови и друга опрема од угостителските објекти. Во повеќе локали навлегла вода и била причинета материјална штета.

Според објавените податоци, во текот на денот биле измерени 67,2 милиметри дожд, додека во еден момент интензитетот на врнежите достигнал 281 милиметар на час.

Невремето предизвикало и прекини во снабдувањето со електрична енергија, а вода навлегла и во простории на локално училиште. Поради лошите временски услови биле откажани и одредени летови.

По смирувањето на невремето започнало расчистувањето на поплавените улици и објекти. Според досегашните информации, нема пријавено поголеми последици или повредени лица.


Видео: