ПРВ.мк
Црна Хроника

ЦРНИ ФОТОГРАФИИ НА ПРОФИЛИТЕ НА МАРИЈАН И НАТАША: Семејството завиено во тага по загубата на малиот Петар

ЦРНИ ФОТОГРАФИИ НА ПРОФИЛИТЕ НА МАРИЈАН И НАТАША: Семејството завиено во тага по загубата на малиот Петар

Огромна трагедија го потресе семејството на македонскиот пејач Маријан Стојаноски. Неговиот четиригодишен син Петар ненадејно почина, а тажната вест пејачот ја сподели преку социјалните мрежи.

На Фејсбук профилите на Маријан и неговата сопруга Наташа се појавија црни фотографии, како нем симбол на огромната загуба низ која минува семејството.

Петар е роден во декември 2021 година. Тогаш пејачот со голема радост ја сподели веста за неговото раѓање. Засега во јавноста нема официјални информации за причината за ненадејната смрт.

Тажната вест предизвика бројни реакции и пораки со сочувство од пријатели, колеги и почитувачи на Стојаноски.

Маријан Стојаноски во изминатите години беше повлечен од естрадата и медиумските настапи, посветувајќи се на семејството и на ангажманот во хорот на Националната опера и балет.

На македонската музичка сцена е познат по песните „Подарок“, „Ненаситен“ и „Срце ќе ти украдам“.