ПРВ.мк
Црна Хроника

НЕИЗМЕРНА ЗАГУБА ЗА МАРИЈАН СТОЈАНОСКИ: Почина неговиот син

НЕИЗМЕРНА ЗАГУБА ЗА МАРИЈАН СТОЈАНОСКИ: Почина неговиот син

Тажна вест ја потресе македонската јавност и семејството на познатиот пејач Маријан Стојаноски. На четиригодишна возраст почина неговиот син Петар.

Според објавените информации, веста за загубата ја споделил самиот Стојаноски преку социјалните мрежи. Петар бил второто дете на Маријан и неговата сопруга Наташа, кои имаат и две ќерки – Вероника и Кирјана.

Маријан Стојаноски е добро познат на македонската публика по својата долгогодишна музичка кариера и бројните фестивалски настапи. Тој е дел и од хорот на Националната опера и балет, а во последните години поретко се појавуваше во јавноста.

Засега не се соопштени дополнителни информации за причините за смртта на четиригодишниот Петар.

По објавувањето на трагичната вест, на социјалните мрежи следуваат бројни пораки со сочувство и поддршка до семејството Стојаноски во овие исклучително тешки моменти.