ПРВ.мк
Топ Вести

ДРАМА ЗА ПОЗНАТИОТ ФУДБАЛЕР: Итно опериран, заврши на интензивна нега

ДРАМА ЗА ПОЗНАТИОТ ФУДБАЛЕР: Итно опериран, заврши на интензивна нега

Поранешниот италијански репрезентативец Пабло Даниел Освалдо е хоспитализиран во Буенос Аирес и се наоѓа на одделот за интензивна нега, откако бил подложен на итна хируршка интервенција.

Според информациите, 40-годишниот поранешен напаѓач неколку дена чувствувал силни болки во градите, но медицинска помош побарал дури откако на тоа го убедиле неговата сестра и близок пријател.

Состојбата наложила итна операција, при што лекарите морале да отстранат дел од белодробното ткиво. Освалдо по интервенцијата останал на интензивна нега и е под постојан медицински надзор.

Освалдо е роден во Аргентина, но настапуваше за репрезентацијата на Италија, за која одигра 14 натпревари и постигна четири гола.

Во текот на богатата кариера ги носеше дресовите на Рома, Фиорентина, Болоња, Интер, Јувентус, Саутемптон, Еспањол, Порто и Бока Јуниорс, меѓу другите клубови.