ПРВ.мк
Магазин

ОВА НЕ СЕ СЛУЧИЛО 11 ГОДИНИ: Зимското сметање на времето годинава започнува порано

ОВА НЕ СЕ СЛУЧИЛО 11 ГОДИНИ: Зимското сметање на времето годинава започнува порано

Во октомври повторно ќе преминеме на зимско сметање на времето, а годинава стрелките на часовникот ќе ги поместиме нешто порано во споредба со изминатите години.

Преминот ќе се случи во ноќта меѓу сабота, 24 октомври, и недела, 25 октомври. Во 3 часот наутро часовниците ќе се вратат еден час наназад, односно на 2 часот. Тоа значи дека таа ноќ ќе имаме еден час повеќе за спиење.

Ова е најраниот можен датум за преминување на зимско сметање на времето, а последен пат промената се случила на 25 октомври во 2015 година.

По поместувањето на часовникот, најзабележлива промена ќе биде пораното стемнување. Со дополнителното скратување на денот во текот на есента, темнината ќе настапува значително порано во попладневните часови.

Иако со години се дискутира за укинување на сезонското менување на времето, засега практиката останува – часовниците се поместуваат двапати годишно, во март и во октомври.