ПРВ.мк
Топ Вести

ПОВЕЌЕ НЕ Е БЕТМЕН, НО И ПОНАТАМУ Е ХЕРОЈ ЗА МНОГУМИНА: Создаде посебно село за згрижени деца

ПОВЕЌЕ НЕ Е БЕТМЕН, НО И ПОНАТАМУ Е ХЕРОЈ ЗА МНОГУМИНА: Создаде посебно село за згрижени деца

Холивудскиот актер Кристијан Бејл стои зад хуманитарен проект вреден околу 22 милиони долари, чија главна цел е децата што влегуваат во системот за згрижување да не бидат разделувани од своите браќа и сестри.

Во Палмдејл, Калифорнија, е отворена посебна заедница за згрижувачки семејства, создадена по иницијатива на Бејл и неговата непрофитна организација „Together California“.

Комплексот располага со 12 целосно опремени куќи со по три спални соби, како и две помали станбени единици наменети за млади кои по полнолетството го напуштаат системот за згрижување. Во рамките на заедницата има и градини, заеднички простории и места каде децата ќе можат да се среќаваат со своите биолошки родители.

Бејл со години работел на реализацијата на идејата, разговарал со агенции за заштита на децата и со експерти, со цел да создаде модел што ќе овозможи браќата и сестрите да растат заедно и покрај тоа што се згрижени надвор од своето биолошко семејство.

Актерот објаснил дека неговиот однос кон хуманитарната работа е поврзан и со сопственото искуство како родител, како и со детството и општествениот активизам во кој учествувал заедно со својот татко.