Во Скопје е спроведена полициска акција во која, според неофицијални информации, била приведена инспекторка од Агенцијата за храна и ветеринарство поради сомнение за примање поткуп.
Како што неофицијално објави „Инфомакс“, инспекторката се сомничи дека ја злоупотребила службената положба со цел да се стекне со противправна имотна корист.
Според првичните информации, при вршење контрола таа наводно барала документација која не била неопходна за постапката, а издавањето позитивен записник го условила со исплата на одредена сума пари.
Засега нема официјални детали за висината на наводно побараниот износ, ниту за останатите околности под кои била спроведена акцијата.
Се очекуваат повеќе информации од надлежните институции за случајот.










