ПРВ.мк
Црна Хроника

ПОТРЕСНАТА СМРТ НА КРИСТИЈАН ОТВОРИ СЕРИОЗНИ ПРАШАЊА: Невропсихијатар предупредува на проблемите во болниците

ПОТРЕСНАТА СМРТ НА КРИСТИЈАН ОТВОРИ СЕРИОЗНИ ПРАШАЊА: Невропсихијатар предупредува на проблемите во болниците

Трагичната смрт на 32-годишниот Кристијан Јосип Периш во психијатриската болница „Свети Иван“ во Загреб повторно го отвори прашањето за одговорноста на медицинскиот персонал при физичко совладување пациенти.

Познатиот хрватски невропсихијатар Иван Урлиќ, долгогодишен раководител на оддел за лекување акутни психотични нарушувања во Сплит, за Дневникот на Нова ТВ објасни кој треба да биде одговорен при ваквите интервенции.

„Лекарот треба да биде присутен. Тој е одговорен бидејќи е главен во целиот тим“, истакна Урлиќ.

Според него, физичкото совладување на пациентите не е честа практика и треба да се применува само кога другите пристапи не даваат резултат.

Медицинскиот персонал, како што објаснува, најпрво се обидува преку разговор да ја смири вознемирената личност, да ја стекне нејзината доверба и да ѝ помогне да прифати лекување.

Урлиќ нагласи дека познавањето на медицинските протоколи е неопходно, но дека практичното искуство има исклучително важна улога во справувањето со кризни ситуации.

Тој се осврна и на одлуката болницата да формира посебен интервентен тим по трагедијата, посочувајќи дека најважни се континуираната обука и пренесувањето на искуството од постарите на помладите здравствени работници.

Во однос на можноста за прикривање на околностите на смртта на Кристијан, невропсихијатарот побара детално да се испита целиот случај.

Тој предупреди и дека недостигот од медицински персонал, исцрпеноста и тешките работни услови дополнително го отежнуваат справувањето со вознемирени пациенти.

„Ова искуство не смее да помине незабележано“, порача Урлиќ, нагласувајќи дека од трагедијата мора да се извлечат поуки.

Најнови вести