ПРВ.мк
Македонија

НОВИ ПРАВИЛА ЗА ВОЗАЧИТЕ ВО МАКЕДОНИЈА: „СЕЈФ СИТИ“ ЌЕ СНИМА И ОД ПОЛИЦИСКИТЕ ВОЗИЛА – ЕВЕ ШТО НАЈАВИ ТОШКОВСКИ

НОВИ ПРАВИЛА ЗА ВОЗАЧИТЕ ВО МАКЕДОНИЈА: „СЕЈФ СИТИ“ ЌЕ СНИМА И ОД ПОЛИЦИСКИТЕ ВОЗИЛА – ЕВЕ ШТО НАЈАВИ ТОШКОВСКИ

Министерството за внатрешни работи најавува значително проширување на системот „Сејф сити“, со воведување мобилни камери за мерење на брзината, кои ќе можат да откриваат сообраќајни прекршоци дури и додека полициските возила се во движење.

Министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски, објасни дека целта е да се зголеми ефикасноста на сообраќајните контроли и да се спречи практиката возачите да ја намалуваат брзината само на местата каде што знаат дека има поставено камери.

Според него, анализите покажале дека фиксните камери не се доволни за постигнување на посакуваниот превентивен ефект.

Затоа, по препорака на експертите, се планира во постојните полициски автомобили да се инсталираат специјални уреди кои ќе ја мерат брзината на другите возила.

„Предлогот којшто го добивме од експертите е во рамки на постојните возила коишто ги имаме да инсталираме камери коишто ќе може да ја детектираат брзината“, изјави Тошковски.

Покрај камерите во полициските автомобили, МВР планира и набавка на дополнителни мобилни радари кои ќе се поставуваат на таканаречените „црни точки“, односно на патните делници каде што најчесто се случуваат тешки сообраќајни несреќи.

Според најавите, тестирањето на камерите во полициските возила треба да започне во декември, а нивното ставање во целосна функција се очекува најдоцна до февруари 2027 година.

Со овие мерки, Министерството има намера да ја зголеми сообраќајната дисциплина и да го намали ризикот од несреќи предизвикани од пребрзо возење.

Најнови вести