ПРВ.мк
Црна Хроника

НОВА ТРАГЕДИЈА ВО СЕМЕЈСТВОТО НА КРИСТИЈАН: Неговата свршеница го изгубила бебето по неговата смрт

НОВА ТРАГЕДИЈА ВО СЕМЕЈСТВОТО НА КРИСТИЈАН: Неговата свршеница го изгубила бебето по неговата смрт

Нова трагедија го погоди семејството на 32-годишниот Кристијан Јосип Периш, кој почина во психијатриската болница „Свети Иван“ во Загреб. Неговата свршеница, со која очекувал дете, ја изгубила бременоста неколку дена по неговата смрт.

Семејството во потресна исповед за „Јутарњи лист“ открило дека Кристијан со нетрпение очекувал да стане татко, но дека по неговата смрт се соочиле со уште една огромна загуба.

Роднините порачуваат дека не го изгубиле само Кристијан, туку и детето што тој го очекувал.

Тие раскажале дека дополнителна траума им предизвикале и фотографиите објавени во јавноста, поради што дел од членовите на семејството побарале медицинска помош.

Во разговорот откриле и нови детали за околностите под кои Кристијан бил однесен во болницата.

Според нив, тој пристигнал со возило на Итната медицинска помош, откако член на семејството побарал стручна помош поради стравови и вознемиреност што ги чувствувал.

Семејството тврди дека Кристијан соработувал со медицинските лица и полицијата и дека не покажувал агресивно однесување.

Сепак, кога пристигнал во болницата во Јанкомир, почувствувал непријатност бидејќи се потсетил на настан од пред седум години.

Според тврдењата на семејството, тој тогаш наводно бил изложен на физичко насилство и гушење во истата установа. За ова, како што наведуваат, дознале неодамна од лице на кое Кристијан претходно му се доверил.

Неговата смрт е предмет на кривична истрага, во која четворица медицински техничари се осомничени за тешко убиство. Нивната одговорност допрва треба да биде утврдена.

Најнови вести