ПРВ.мк
Скопје

НАЈНОВО: Голем пожар ја вознемири скопската јавност, противпожарни екипи итно испратени на терен

НАЈНОВО: Голем пожар ја вознемири скопската јавност, противпожарни екипи итно испратени на терен

Голем пожар избувна попладнево во Скопје, во близина на Бит Пазар, каде што пламените јазици зафатиле објект кој се користи како станбена куќа и магацин.

Според информациите од Центарот за управување со кризи (ЦУК), на местото на настанот интервенираат припадници на Противпожарната бригада на Град Скопје со шест противпожарни возила.

Пожарникарските екипи се ангажирани во гаснењето на огнот, додека засега не се познати точните размери на пожарот и висината на причинетата материјална штета.

Од ЦУК информираат дека дополнителни информации ќе бидат објавени по добивањето извештаи од екипите на терен.

Во моментов нема официјални податоци за повредени лица, ниту информации за причините за избувнувањето на пожарот.