ПРВ.мк
Црна Хроника

„НЕ БЕШЕ ЗАВИСНИК, НИТУ БЕШЕ ПОД ДЕЈСТВО НА ДРОГА“: Адвокатот на починатиот Кристијан со нови тврдења

„НЕ БЕШЕ ЗАВИСНИК, НИТУ БЕШЕ ПОД ДЕЈСТВО НА ДРОГА“: Адвокатот на починатиот Кристијан со нови тврдења

Нови детали излегуваат на виделина за трагичната смрт на 32-годишниот спортист Кристијан Јосип Периш, кој почина во психијатриската болница „Свети Иван“ во загрепската населба Јанкомир.

Адвокатот на семејството, Леон Зрниќ, во изјава за хрватските медиуми нагласи дека починатиот не бил зависник од дрога и дека медицинската документација не покажува докази дека бил под дејство на наркотични средства.

Според адвокатот, од извештаите на здравствената установа произлегува дека полициските службеници претходно не сакале да интервенираат против Периш, бидејќи не забележале агресивно однесување.

Во меѓувреме, четворица медицински техничари осомничени дека примениле прекумерна физичка сила врз пациентот се наоѓаат во едномесечен истражен притвор.

Тројца од нив добиле и вонредни откази од болницата. Директорката Мајда Грах изјави дека одлуката ја донела по разгледување на околностите на случајот.

Истовремено, колегите на осомничените излегоа во нивна поддршка, предупредувајќи на лошите работни услови и недоволната заштита на медицинскиот персонал.

Синдикатите побараа ангажирање обезбедување, дополнителни обуки за самоодбрана и формирање специјализиран тим за интервенции кај агресивни пациенти.

По пријавата на семејството, хрватското Министерство за здравство испрати инспекција во болницата.

Министерката Ирена Хрстиќ оцени дека околностите на трагедијата се сериозно загрижувачки.

Истрагата продолжува, а судските органи треба да утврдат што точно се случило и дали постои кривична одговорност кај осомничените.