Повеќе скопски улици ќе останат без вода од 14:40 часот поради уличен дефект, информираат од Јавното претпријатие „Водовод и канализација“ – Скопје.
Прекинот во водоснабдувањето ќе ги опфати улиците „Хо Ши Мин“, „Милан Комненски“, „Ѓорѓи Костовски“, „Кирил Манчев“, „Краишка“, „Натанаил Кучевишки“, „Марјан Лазевски“, „Софре Марковски“, „Кота Ристевски“, „Петар Чангов“, „Лазо Дренков“, „Рудо“, „Дабница“, „Марко Крале“, „Андре Мазон“, „Зуфер Мусиќ“, „Љубо Петковиќ“ и „Приштинска“.
Без вода ќе остане и дел од улицата „Призренска“.
Од „Водовод и канализација“ – Скопје информираат дека прекинот ќе трае до завршување на работните активности за отстранување на дефектот.









