ПРВ.мк
Скопје

НЕПРИЈАТНО ИЗНЕНАДУВАЊЕ УТРИНАВА: Жичницата на Водно целосно запрена - ова е причината!

НЕПРИЈАТНО ИЗНЕНАДУВАЊЕ УТРИНАВА: Жичницата на Водно целосно запрена - ова е причината!
Kristal

Јавното сообраќајно претпријатие – ЈСП Скопје утрово соопшти дека жичницата на Водно денеска нема да биде во функција, поради неповолните временски услови и силниот ветер што дува на подрачјето на главниот град.

Од ЈСП информираат дека измерената јачина на ветерот е над дозволените безбедносни граници, поради што не може да се гарантира непречено и сигурно функционирање на жичницата. Како што посочуваат од претпријатието, безбедноста на патниците е апсолутен приоритет, поради што е донесена одлука за целосно запирање на превозот со жичница.

Надлежните служби на ЈСП континуирано ја следат состојбата на терен и временските услови на Водно. Од претпријатието нагласуваат дека веднаш штом ветерот ќе ослабне и ќе се создадат соодветни услови за безбедно работење, жичницата повторно ќе биде ставена во употреба и ќе продолжи со редовно превезување на патниците.

Утрово во Скопје и во повеќе делови од земјата времето е студено, со силен ветер и ниски температури, што дополнително придонесува за влошени услови за функционирање на ваквите објекти.

FixCredit
Escape

Најнови вести

Escape
Mia Home Mavrovo
Escape