ПРВ.мк
Скопје

АЛАРМАНТНО: ЈСП најавува помалку автобуси - ова е причината!

АЛАРМАНТНО: ЈСП најавува помалку автобуси - ова е причината!
Kristal

Јавното сообраќајно претпријатие Скопје соопшти дека ако заврне снег и температурите паднат многу ниско, бројот на автобуси на улиците може да биде намален.

Според известувањето:

  • Дел од линиите ќе сообраќаат само до локации кои ќе бидат оценети како безбедни и проодни за возилата.
  • Во случај на непроодни патишта и небезбедни услови за сообраќај, ЈСП ќе изврши дополнителни измени и ќе ги информира граѓаните навремено.
  • Ако времето остане стабилно, јавниот превоз ќе се одвива според редуцираниот делничен зимски возен ред, кој важи до крајот на зимскиот училиштен распуст.

ЈСП додава дека нивните екипи, заедно со службите на Град Скопје и локалните самоуправи, постојано се на терен со механизација за да се обезбеди безбедноста на сите учесници во сообраќајот.

FixCredit
Escape