ПРВ.мк
Магазин

ЈА ПРАША ВЕШТАЧКАТА ИНТЕЛИГЕНЦИЈА ЗОШТО ТОЈ НЕ Е НОВИОТ ЏЕЈМС БОНД: Одговорот ги насмеа социјалните мрежи

ЈА ПРАША ВЕШТАЧКАТА ИНТЕЛИГЕНЦИЈА ЗОШТО ТОЈ НЕ Е НОВИОТ ЏЕЈМС БОНД: Одговорот ги насмеа социјалните мрежи

Интересен разговор со вештачката интелигенција стана хит на социјалните мрежи, откако новинарот Том Скибели решил да го праша ChatGPT зошто Роберт Патинсон ја добил улогата на легендарниот Џејмс Бонд, а не тој.

Скибели на својот инстаграм-профил објави делови од разговорот, во кој изразил незадоволство од изборот на новиот агент 007, за кој пишуваат медиумите.

Одговорот на вештачката интелигенција бил директен и духовит. ChatGPT му објаснил дека Патинсон има неколку значајни предности, меѓу кои успешна актерска кариера, меѓународна препознатливост и можноста дека учествувал на аудиција за улогата.

Скибели, сепак, продолжил со расправата, тврдејќи дека изборот е неправеден бидејќи тој воопшто не добил можност да се појави на аудиција.

Вештачката интелигенција во шеговит тон се осврнала на неговото блогерско искуство, скромните актерски референци, па дури и на неговите проблеми со желудочниот рефлукс.

Разговорот станувал сè побизарен, а во еден момент Скибели споменал и киднапирање на актерот, од што ChatGPT веднаш го одвратил.

Најзабавниот момент, сепак, следувал на крајот, кога дискусијата за Холивуд и легендарниот таен агент ненадејно се претворила во разговор за тоа што Скибели треба да јаде за вечера.

Објавата предизвика бројни реакции и шеги на социјалните мрежи, а корисниците се пошегуваа дека најголемата закана за нивните кариери повеќе не е вештачката интелигенција, туку Роберт Патинсон.