ПРВ.мк
Балкан

Аца Лукас тврди дека му подготвиле ликвидација – „Едвај извлековме жива глава“

Аца Лукас тврди дека му подготвиле ликвидација – „Едвај извлековме жива глава“
Kristal

Српскиот пејач Аца Лукас тврди дека ноќеска бил цел на сериозен инцидент по настапот на Јахорина, при што, како што наведува, тој и неговиот возач за малку ќе го загубеле животот.

Во објава на социјалната мрежа Инстаграм, Лукас напиша дека по завршувањето на настапот непознати лица се обиделе да ги убијат, додавајќи дека „едвај се спасиле живи“. Засега не се познати официјални детали од полицијата за настанот, ниту дали е поднесена кривична пријава.

Поради сериозноста на обвинувањата и безбедносните ризици, организаторите на Јахорина официјално го откажаа неговиот следен најавен настап, што беше потврдено и преку нивниот Инстаграм профил.

Според српските медиуми, инцидентот наводно се случил кога лице со иницијали Н.М. се обидело да го загрози животот на пејачот користејќи службено возило, додека Лукас се наоѓал во автомобил заедно со својот возач.

Надлежните институции сè уште не излегле со официјално соопштение, а јавноста очекува повеќе информации за тоа што точно се случило на Јахорина и дали ќе следи истрага.


FixCredit
Escape