ПРВ.мк
Свет

ИТНО ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ ОД ВАШИНГТОН: Американците веднаш да ја напуштат Венецуела

ИТНО ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ ОД ВАШИНГТОН: Американците веднаш да ја напуштат Венецуела
Kristal

Американскиот Стејт департмент издаде итно безбедносно предупредување со кое ги повика сите државјани на САД што се наоѓаат во Венецуела веднаш да ја напуштат земјата. Апелот е објавен на официјалната веб-страница на институцијата и доаѓа во услови на сериозно влошена безбедносна состојба по неодамнешната американска воена интервенција и апсењето на венецуелскиот претседател Николас Мадуро.

Според американските власти, и покрај тоа што дел од меѓународните летови повторно се воспоставуваат, ситуацијата на терен останува крајно нестабилна и непредвидлива. Во предупредувањето се наведува дека постои зголемен ризик од дејствување на прорежимски вооружени групи, кои поставуваат блокади на патиштата и вршат проверки со цел да идентификуваат и приведат американски државјани или лица за кои се сомнева дека имаат поддршка за Вашингтон.

Венецуела и понатаму се наоѓа на највисокото, четврто ниво на американската скала за предупредување за патување, што значи „не патувај“. Стејт департментот предупредува на можност од произволни апсења, долготрајно задржување без правна заштита, па дури и ризик од тортура, нагласувајќи дека американските институции во моментов не можат да гарантираат безбедност или конзуларна помош на своите граѓани во земјата.

Вашингтон апелира сите Американци што сè уште се наоѓаат во Венецуела, доколку имаат можност, веднаш да ја напуштат земјата по безбеден пат и да ги следат официјалните известувања за понатамошниот развој на состојбата.

FixCredit
Escape