Во четири општини во западниот дел на државата денеска се одржаа повторени избори за градоначалници – Гостивар, Маврово-Ростуше, Врапчиште и Центар Жупа.
Причина за повторувањето на изборниот процес беше недоволниот одзив на гласачи во првиот круг од локалните избори, одржани на 19 октомври минатата година. Според изборните правила, во повторениот круг победник е кандидатот што ќе освои најмногу гласови, без оглед на излезноста.
Според првичните и неофицијални резултати, во Гостивар води кандидатот на АКИ, Валбон Лимани. Во општина Маврово-Ростуше предност има Онер Јакуповски од ВМРО-ДПМНЕ, додека во Врапчиште убедливо води Исен Шабани, исто така кандидат на АКИ.
Се очекува во текот на вечерта Државната изборна комисија да ги потврди конечните резултати од гласањето во овие општини.


















