ПРВ.мк
Свет

Музичка сцена во црно: Познат пејач загина во пад на приватен авион

Музичка сцена во црно: Познат пејач загина во пад на приватен авион
Kristal

Шест лица го загубија животот при пад на приватен авион во централниот дел на Колумбија, меѓу кои и еден од најпознатите колумбиски пејачи, Јеисон Хименес, потврдија локалните власти.

Несреќата се случила во близина на аеродромот Паипа, во департманот Бојака, само неколку моменти по полетувањето на авионот кој бил на пат кон Меделин. Според првичните информации, леталото не успеало да достигне доволна височина и со голема брзина удрило во тревната површина на крајот од пистата, по што избувнал силен пожар.

„Нема преживеани“, изјави полковник Алваро Бело од цивилната воздухопловна служба за радио „Каракол“, додавајќи дека сите патници и членови на екипажот загинале на лице место.

Снимки кои се појавија на социјалните мрежи го прикажуваат моментот по падот на авионот, со густ чад и пламен, додека спасувачките служби се обидуваат да интервенираат.

Јеисон Хименес, кој имал 34 години, важеше за една од најголемите ѕвезди на колумбиската музичка сцена. Тој беше особено популарен по своите изведби на ранчера и коридо, а неговите песни броеја милионски прегледи и слушања на дигиталните платформи.

Истрагата за причините за несреќата е во тек, а колумбиските власти најавија дека повеќе детали ќе бидат соопштени откако ќе заврши техничкиот увид на местото на трагедијата.

FixCredit
Escape