ПРВ.мк
Македонија

Инцидент што ја крева тензијата: Нападната бугарската амбасада во Скопје

Инцидент што ја крева тензијата: Нападната бугарската амбасада во Скопје
Kristal

На 11 јануари годинава, непознато лице извршило напад врз зградата на бугарската амбасада во Скопје, предизвикувајќи остри реакции од официјална Софија.

Министерството за надворешни работи на Република Бугарија соопшти дека остро го осудува нападот врз дипломатското претставништво, оценувајќи го како недозволив чин насочен кон симболот на бугарската државност и официјалното присуство во Република Северна Македонија.

Од бугарското МНР нагласуваат дека ваквиот инцидент претставува сериозно кршење на Виенската конвенција за дипломатските односи и директно загрозување на статусот и безбедноста на дипломатските мисии.

Во реакцијата се изразува длабока загриженост дека нападот е последица на, како што велат, систематскиот недостиг на соодветна реакција од македонските институции при претходни вандалски дејствија и напади врз објекти поврзани со Бугарија и бугарската заедница.

Според Софија, институционалната пасивност, заедно со толерираниот говор на омраза, создала атмосфера во која ваквите инциденти се охрабруваат и ескалираат.

Бугарското Министерство за надворешни работи побара од надлежните органи во Северна Македонија итно да ги преземат сите неопходни мерки за идентификација на сторителот, негово целосно кривично гонење и гарантирање на безбедноста на бугарските дипломатски и конзуларни претставништва, како и на нивниот персонал и имот.

Во соопштението се наведува и очекување македонските институции јасно и недвосмислено да се дистанцираат од сите форми на говор на омраза и да работат на создавање поинаков општествен наратив во односите меѓу двете држави, со целосно почитување на меѓународните обврски.

Министерството за надворешни работи на Бугарија информира дека внимателно ќе го следи развојот на случајот и го задржува правото да преземе дополнителни дипломатски чекори во заштита на бугарските интереси.

FixCredit
Escape