Рано утрово во семеен дом на подрачјето на Шуто Оризари било пронајдено починато бебе, информираат од Министерството за внатрешни работи.
Според официјалните информации, на 10 јануари 2026 година околу 08:00 часот, Итната медицинска помош пријавила во СВР Скопје дека во домот има починато бебе. На местото веднаш бил испратен лекар, кој ја констатирал смртта, при што не биле забележани видливи траги на насилство.
Полициски екипи извршиле увид во присуство на надлежен јавен обвинител. По негова наредба, телото на бебето е предадено на обдукција, која треба да ги утврди точните причини за смртта.
Надлежните институции продолжуваат со истрагата, а повеќе детали се очекуваат по добивањето на резултатите од обдукцијата.
















