ПРВ.мк
Скопје

ИНФОРМАЦИЈА ЗА ГРАЃАНИТЕ: Делови од Скопје утре без вода - еве за кои Населби станува збор!

ИНФОРМАЦИЈА ЗА ГРАЃАНИТЕ: Делови од Скопје утре без вода - еве за кои Населби станува збор!
Kristal

ЈП „Водовод и канализација“ соопшти дека делови од Општините Карпош и Центар ќе останат без водоснабдување утре поради технички интервенции.

  • Во Карпош, поради промена на вентил ф-2 на крстосницата ул. Октомвриска Револуција / бул. Партизански Одреди, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од згради 10, 12 и 14 на ул. Октомвриска Револуција, како и дел од булеварот Партизански Одреди (потегот од Никола Тесла до Октомвриска Револуција). Прекинот започнува од 09:00 часот и ќе трае до завршување на санацијата.
  • Во Центар, поради водоводен приклучок од ф 100 мм на ул. Наум Наумовски Борче бр. 63, без вода ќе останат корисниците од оваа улица. Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 08:30 часот до завршување на работите.

Граѓаните се замолуваат да обезбедат доволно вода за основни потреби додека трае прекинот.

FixCredit
Escape