На 21 декември 2025 година, околу 07:30 часот, во казино на подрачјето на општина Аеродром, едно лице извршило грабеж, заканувајќи се кон вработената и одземајќи пари од дневниот промет.
СВР Скопје потврди дека веднаш се преземаат мерки за расчистување на случајот и за пронаоѓање на сторителот.
















