ПРВ.мк
Скопје

ЧИСТ ВОЗДУХ ЗА НАЈМАЛИТЕ: Нова мерка во градинките - еве со што ќе го прочистуваат воздухот!

ЧИСТ ВОЗДУХ ЗА НАЈМАЛИТЕ: Нова мерка во градинките - еве со што ќе го прочистуваат воздухот!
Kristal

Во детските градинки на подрачјето на општина Кисела Вода започна поставување на прочистувачи за воздух, како дел од мерките за подобрување на условите во објектите каде што престојуваат најмладите. Градоначалничката Бети Стаменкоска Трајкоска ја посети градинката „Синоличка“, во рамки на ЈДГ „Весели цветови“, каде што оваа опрема веќе е инсталирана.

При посетата, градоначалничката остварила разговор со вработените, при што било нагласено значењето на чистиот воздух за здравјето, безбедноста и благосостојбата на децата, особено во периоди со зголемено аерозагадување.

Од Општина Кисела Вода информираат дека, освен во градинките, прочистувачи се поставени и во спортската сала при основното училиште „Невена Георгиева Дуња“, како и во просториите на ПОУ „Кузман Јосифовски – Питу“.

Според општинските власти, оваа активност е дел од поширока стратегија насочена кон создавање поздрава и почиста животна средина, со посебен фокус на институциите каде што секојдневно престојуваат деца и млади. Во таа насока, претходно биле инсталирани прочистувачи за воздух и во сите училници во основните училишта на територијата на општината, како и на одредени јавни локации и паркови.

„Здравјето на децата е наш врвен приоритет. Со овие инвестиции обезбедуваме подобри услови за нивен престој, учење и развој. Поставувањето на прочистувачи за воздух е дел од долгорочната политика на Општина Кисела Вода за унапредување на квалитетот на живот и заштита на здравјето на сите граѓани“, изјави градоначалничката Стаменкоска Трајкоска.

FixCredit
Escape