ПРВ.мк
Црна Хроника

НОЌНА МОРСКА ДРАМА: Руски брод под контрола на шведските сили - што се случувало на бродот?

НОЌНА МОРСКА ДРАМА: Руски брод под контрола на шведските сили - што се случувало на бродот?
Kristal

Шведската царинска служба, заедно со полицијата и крајбрежната стража, спроведе ненадејна акција врз рускиот товарен брод „Адлер“, кој се поврзува со сомневања за нелегален транспорт на оружје. Пловилото, долго 126 метри, било принудено да се закотви во близина на шведскиот град Хаганес, наводно поради технички проблеми со погонскиот систем.

Набргу по еден час по полноќ, надлежните служби се качиле на бродот и започнале детална проверка на екипажот, документацијата и товарот, која сè уште е во тек.

Причината за интервенцијата е фактот што сопствениците на бродот се наоѓаат на санкциската листа на Европската Унија. Дополнително, компанијата „M Leasing LLC“, која стои зад пловилото, е санкционирана и од страна на Соединетите Американски Држави, поради сомневања дека учествува во операции за транспорт на воена опрема.

Според достапните информации, „Адлер“ испловил од пристаништето во Санкт Петербург на 15 декември, но шведските власти засега немаат податоци за неговата крајна дестинација. Истрагата продолжува, а исходот ќе зависи од резултатите од инспекцијата на товарот и бродската документација.

FixCredit
Escape