ПРВ.мк
Црна Хроника

ОРГАНИЗИРАН ГРАБЕЖ: Земале илјадници евра и накит - еве со колку е оштетено семејството!

ОРГАНИЗИРАН ГРАБЕЖ: Земале илјадници евра и накит - еве со колку е оштетено семејството!
Kristal

Полицијата во Гостивар за кратко време ја расветли тешката кражба што се случи минатата недела, при која од семејна куќа беше одземена значителна сума пари и вреден златен накит. Во акцијата се приведени три лица, а најголемиот дел од украдените предмети се пронајдени и ќе бидат вратени на сопственикот.

Случајот, чија материјална штета се проценува на околу 65.000 евра, беше расчистен вчера попладне (20 декември 2025 година). Полициски службеници од ОВР Гостивар ги лишиле од слобода А.З. (24) и М.З. (27) од Гостивар, како и Н.И. (24) од Тетово.

Според полициските сомнежи, тројцата на 14 декември со употреба на сила влегле во домот на 58-годишен гостиварец и од таму однеле поголема количина готовина и златен накит.

Пресврт во истрагата се случил вчера, кога по судска наредба бил извршен претрес во домот на првоосомничениот. При претресот, полицијата пронашла поголем дел од украдените пари и накит, кои се одземени со соодветна документација и ќе бидат вратени на оштетениот.

Осомничените во моментов се задржани во полициска станица, а по комплетирање на постапката против нив ќе бидат поднесени кривични пријави.

FixCredit
Escape