ПРВ.мк
Магазин

Силен зимски бран се приближува – еве кога почнува и што не очекува!

Силен зимски бран се приближува – еве кога почнува и што не очекува!
Kristal

Денешниот ден ќе помине во знакот на променливо облачно и тивко време, со повремени сончеви интервали. Во претпладневните часови, особено во котлините, се очекува појава на магла, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР).

Слична временска состојба ќе има и во главниот град. Во Скопје времето ќе биде променливо облачно и мирно, со магла во утринските часови, која постепено ќе се расчистува во текот на денот.

Според прогнозите, стабилното и тивко време ќе се задржи до вторник. Во тој период, по одделни котлини ќе продолжи појавата на магла и зголемена облачност. Од вторник кон крајот на денот, а и во наредните денови, се очекуваат повремени локални врнежи од дожд. Со продор на постудена воздушна маса од север, врнежите на планините и на повисоките места ќе преминуваат во снег.

Снег и екстремен студ за Нова година?

Иако моментално времето делува релативно благо, метеоролошките најави укажуваат дека вистинската зима е сè поблиску. Метеорологот Славчо Попоски предупредува дека Македонија има реални шанси Новата 2026 година да ја дочека под снежна покривка.

Според неговите објави, силен зимски бран ќе го зафати целиот Балкан, при што најизразени снежни врнежи се очекуваат токму во Македонија и Бугарија. Снежната атмосфера, според прогнозите, би можела да го достигне својот врв токму во новогодишната ноќ, на 1 јануари 2026 година.

Попоски дополнително информира дека најновите метеоролошки модели најавуваат не само снег, туку и значително опаѓање на температурите. Во новогодишната ноќ, живата во термометарот би можела да се спушти и до -20 степени, а локално и под оваа вредност.

Како што најавува прогнозерот, зимското заладување би започнало уште околу 25 декември, на Католички Божик, со што крајот на годината би бил обележан со вистинска зимска атмосфера.

FixCredit
Escape