ПРВ.мк
Свет

КРАЈ НА ВОЕНИТЕ ДОГОВОРИ: Прекин на воената соработка со НАТО земји - ова е причината!

КРАЈ НА ВОЕНИТЕ ДОГОВОРИ: Прекин на воената соработка со НАТО земји - ова е причината!
Kristal

Руската влада донесе одлука со која ѝ дава овластување на Министерството за одбрана да ги раскине важечките билатерални договори за воена соработка со Бугарија и уште десетина земји членки на НАТО. Одлуката е објавена на официјалниот портал за правни акти на Руската Федерација.

Договорот меѓу Русија и Бугарија, потпишан во 1992 година, беше еден од клучните документи со кои по распадот на Советскиот Сојуз се воспоставуваа нови пријателски односи и соработка, вклучително и во областа на одбраната. Со овој чекор, Москва фактички го затвора тој период на билатерални односи.

Покрај Бугарија, Русија започна и поширок процес на раскинување на воени договори склучени во периодот од 1992 до 2002 година со низа западни држави. Како што пренесуваат руските медиуми, меѓу земјите опфатени со одлуката се Германија, Полска, Норвешка и други европски партнери.

Меѓу првите договори што ќе бидат поништени се оние со Германија (1993), Полска (1993) и Норвешка (1995), сите потпишани во Москва. Дополнително, процесот ги опфаќа и договорите за воена соработка со Романија, Данска, Обединетото Кралство, Холандија, Хрватска, Белгија и Чешка, склучени во периодот од средината на 1990-тите до почетокот на 2000-тите години.

Овој потег се толкува како уште еден чекор во продлабочувањето на раздорите меѓу Русија и НАТО, во контекст на актуелните геополитички тензии.

FixCredit
Escape