ПРВ.мк
Црна Хроника

ИНЦИДЕНТ: Возач удрил во полицаец, па побегнал - МВР со детали!

ИНЦИДЕНТ: Возач удрил во полицаец, па побегнал - МВР со детали!
Kristal

Сериозен инцидент се случил ноќва околу 01:30 часот во Кавадарци, кога возач со патничко возило одбил да застане на полициска контрола и при тоа повредил полициски службеник.

Како што информира СВР Велес, на крстосницата меѓу улиците „Браќа Џунови“ и „Браќа Хаџи Тефови“, Д.А. (45) од Кавадарци, управувајќи возило „фолксваген туран“ со локални регистарски таблички, при обид да биде запрен од полицијата, најпрво удрил во службено полициско возило „пасат“, а потоа и во полициски службеник кој извршувал службени задачи.

По судирот, возачот го напуштил местото на настанот и се дал во бегство. Подоцна, возилото било пронајдено, а за случајот бил известен јавен обвинител.

Полицијата презема интензивни мерки за целосно расчистување на настанот и за пронаоѓање и приведување на осомниченото лице.

FixCredit
Escape