ПРВ.мк
Црна Хроника

СООБРАЌАЈНА НЕСРЕЌА: Страшен судир со полициско возило - ова се деталите!

СООБРАЌАЈНА НЕСРЕЌА: Страшен судир со полициско возило - ова се деталите!
Kristal

ОВР Дебар поднесе кривична пријава против 33-годишен жител на Дебар, кој се сомничи за кривично дело „безобѕирно управување со моторно возило“, откако под дејство на алкохол предизвикал сообраќаен инцидент со полициско возило.

Настанот се случил на 18 ноември 2025 година, околу 00:05 часот, на локацијата позната како „Шуланска раскрсница“, во близина на граничниот премин „Блато“. Осомничениот управувал возило „фолксваген амарок“ со дебарски регистарски таблички, кога удрил во службено полициско возило „дачија дастер“, управувано од полициски службеник од Дебар.

За среќа, во незгодата нема повредени лица. По извршеното алкотестирање, кај возачот биле измерени 1,86 промили алкохол во крвта.

Лицето веднаш било исклучено од сообраќај, лишено од слобода и против него е поднесена соодветна кривична пријава.

FixCredit
Escape