Надворешната канцеларија за криминалистички работи при ОВР Делчево поднесе кривична пријава против 61-годишен маж од селото Сарај, скопско, поради сомнение дека извршил кривично дело измама.
Според информациите од полицијата, осомничениот во два наврати – во септември 2024 и во март 2025 година – ја довел во заблуда 42-годишна жена од делчевскиот регион. Тој ѝ ветувал дека ќе ѝ изработи специјална „амајлија“ која, наводно, требало да ѝ помогне да ги надмине семејните проблеми.
За оваа услуга, мажот од жртвата побарал и добил по 30.000 денари во два одделни наврати, со што ѝ причинил материјална штета во вкупен износ од 60.000 денари.
По целосно документирање на случајот, против осомничениот е поднесена соодветна кривична пријава, а истрагата продолжува.
















