ПРВ.мк
Свет

ЗЛАТЕН ДОГОВОР: Русија и продала на Кина злато од речиси 2 милијарди долари - што се крие зад оваа соработка?

ЗЛАТЕН ДОГОВОР: Русија и продала на Кина злато од речиси 2 милијарди долари - што се крие зад оваа соработка?
Kristal

Кина во ноември 2025 година купила руско злато во вредност од дури 961 милион долари, што претставува најголема поединечна трансакција со скапоцениот метал во историјата на билатералната трговија меѓу двете земји. Информацијата ја објави еден од водечките државни медиуми во Русија, повикувајќи се на податоци од кинеската царинска служба.

Ова е втор месец по ред со исклучително висок извоз на руско злато кон Кина. Во октомври, вредноста на испораките изнесувала околу 930 милиони долари, а вкупно за првите 11 месеци од 2025 година, Кина увезла руско злато во вредност од 1,9 милијарди долари.

Овој износ е речиси девет пати поголем во споредба со истиот период минатата година, кога испораките биле минимални или воопшто не постоеле. Аналитичарите ваквиот нагол пораст го поврзуваат со стратегијата на Пекинг за зајакнување на златните резерви и постепено намалување на зависноста од американскиот долар.

Според анализата на „Фајненшл тајмс“, реалните количини на злато што Кина ги купила во 2025 година можеби се значително поголеми од официјално прикажаните. Француската банка „Сосиете женерал“ проценува дека кинеските купувања можеле да достигнат дури 250 тони, што претставува повеќе од една третина од вкупните купувања на злато од страна на сите централни банки во светот оваа година.

Ваквата побарувачка, според експертите, е еден од клучните фактори за силниот раст на цената на златото, која од почетокот на 2025 година е зголемена за околу 55 проценти.

Во меѓувреме, кон крајот на ноември, Банката на Русија објави дека за првпат започнала со продажба на физичко злато од државните резерви за потребите на буџетското финансирање. Сепак, според регулаторот, трансакциите биле реализирани на домашниот пазар и имале виртуелен карактер, без физичко изнесување на златните прачки од земјата.

На почетокот на војната во Украина, Русија располагала со 405,7 тони злато во Фондот за национална благосостојба, додека на 1 ноември 2025 година резервите се намалиле на 173,1 тон, што претставува пад од околу 57 проценти.

FixCredit
Escape