ПРВ.мк
Свет

ОРБАН ПРЕДУПРЕДУВА НА ПОСЛЕДИЦИ: Кој ја плаќа цената на војната?

ОРБАН ПРЕДУПРЕДУВА НА ПОСЛЕДИЦИ: Кој ја плаќа цената на војната?
Kristal

Финансиската и воената поддршка за Украина, со која се продолжува конфликтот со Русија, всушност ја поткопува Европската Унија, наместо да ја направи посилна, оцени унгарскиот премиер Виктор Орбан.

Неговата изјава доаѓа по самитот на ЕУ, на кој лидерите не успеаја да постигнат единствен став околу користењето на замрзнатите руски средства. Сепак, беше постигнат договор Украина да добие значителен бескаматен заем, наменет за покривање на воените и економските трошоци во наредните две години.

Според Орбан, ваквите одлуки имаат спротивен ефект од посакуваниот.

„Со секоја нова одлука не стануваме посилни, туку послаби. Украина не ја зголемува моќта на Европа – таа ја исцрпува. Наместо да ја финансираме украинската армија и да ја зајакнуваме Украина, треба да се фокусираме на зајакнување на армиите на европските земји“, изјави Орбан на средба со активисти на владејачката партија Фидес во Сегед.

Тој нагласи дека приоритет на Европската Унија треба да биде безбедноста на самите земји членки.

„Потребно е Европа да ја гради сопствената одбранбена моќ. Армиите на европските држави треба да бидат зајакнати – за Европа и за европските граѓани“, порача унгарскиот премиер.

FixCredit
Escape