ПРВ.мк
Спорт

ВРАЌАЊЕ КОЕ СЕ ЧЕКАШЕ: Станковиќ се враќа таму каде што сè започна - ова е клучниот датум!

ВРАЌАЊЕ КОЕ СЕ ЧЕКАШЕ: Станковиќ се враќа таму каде што сè започна - ова е клучниот датум!
Kristal

Дејан Станковиќ повторно ќе биде тренер на фудбалскиот клуб Црвена звезда, шест години по неговото прво назначување. Тој повторно доаѓа на местото на Владан Милојевиќ, со што историјата во голема мера се повторува.

По саботната победа на Црвена звезда над Младост од 4:0, Владан Милојевиќ ја напушти прес-конференцијата без да даде изјава, што јасно укажа дека натпреварот бил негов последен како шеф на стручниот штаб.

Како што објави „Моцартспорт“, Станковиќ ќе биде официјално промовиран како нов тренер во понеделник, а според истиот извор, веќе е потпишан договор на две и пол години.

Црвена звезда претходно го посакувала Алберт Риера, актуелниот тренер на Целје, како прва опција, но преговорите со Шпанецот не вродиле со плод. Во исто време, Станковиќ остана без ангажман по разделбата со московски Спартак, што го направи најлогичен избор за црвено-белите.

Така, 47-годишниот поранешен ас на Лацио и Интер, и еден од најомилените фудбалери на Звезда во периодот по титулата во Бари, по вторпат ќе седне на клупата на белградскиот гигант. Интересно е што и во декември 2019 година Станковиќ го наследи токму Владан Милојевиќ, по завршувањето на првиот дел од сезоната.

Во својот прв мандат, Станковиќ ја водеше Црвена звезда од декември 2019 до август 2022 година, освојувајќи три шампионски титули во Србија и два Купа на Србија, додека трипати беше елиминиран во плејофот за пласман во Лигата на шампионите.

FixCredit
Escape