ПРВ.мк
Спорт

Филип Николов од Велес на списокот на резерви на ракометната репрезентација на Македонија за Европското првенство

Филип Николов од Велес на списокот на резерви на ракометната репрезентација на Македонија за Европското првенство
Kristal

Велешанецот Филип Николов, ракометар на РК Бутел, се најде на списокот на резерви на машката ракометна репрезентација на Македонија за Европското првенство 2026 година. Списокот го објави селекторот Кирил Лазаров, а Николов ќе биде на располагање на стручниот штаб во случај на повреди или промени во составот.

Иако не е дел од официјалната листа од 21 ракометар кои ќе ги започнат подготовките, ниту меѓу 18-те кои ќе бидат во директна конкуренција за настап на завршниот турнир, неговото име се најде меѓу резервните опции, што претставува признание за неговите настапи и форма во тековната сезона.

Подготовките на македонската репрезентација започнуваат на 22 декември, по што селекцијата ќе отпатува во Пореч. Таму, на 28 декември, националниот тим ќе го одигра првиот пријателски натпревар против селекцијата на Хрватска.

По новогодишните празници, Македонија ќе настапи и на традиционалниот „Жолт Куп“ во швајцарскиот град Винтертур, кој ќе се одржи од 8 до 10 јануари. На овој турнир, нашата репрезентација ќе ги одмери силите со Швајцарија, Бахреин и Украина.

На Европското првенство, Македонија ќе настапува во групата Б, а натпреварите ќе се играат во салата „Јуске Банк Боксен“ во Хернинг. Противници на македонските ракометари ќе бидат селекциите на Данска, Португалија и Романија.

Филип Николов, кој оваа сезона прикажува стабилни и квалитетни настапи во дресот на Бутел, со своето место на списокот на резерви останува под радарот на селекторот и претставува реална опција за приклучување кон репрезентацијата доколку се укаже потреба.

FixCredit
Escape

Најнови вести

Escape
Mia Home Mavrovo
Escape