ПРВ.мк
Спорт

Важна победа на КК Борец Баскет во трката за највисок пласман!

Важна победа на КК Борец Баскет во трката за највисок пласман!
Kristal

Во дуелот на двете најдобри екипи беше совладана екипата на ФМП Академија од Струмица со конечен резултат 79:73. Во текот на сите 40 минути домашната екипа го наметнуваше своето темпо и одржуваше константна предност која во еден момент изнесуваше и +14.

Американецот Елис одново беше помеѓу најдобрите поединци на теренот, а одлични минути забележаа и искусните Штерјов и Виларов.

Ова е шеста победа во серија на велешани со што се изедначуваат на прво место на табелата, кое го делат со струмичани и Соколи Штип.

FixCredit
Escape