ПРВ.мк
Црна Хроника

ИЗБЕГНАТА ТРАГЕДИЈА: Патнички авион за малку ќе се судреше со американски воен авион - еве како успеа пилотот!

ИЗБЕГНАТА ТРАГЕДИЈА: Патнички авион за малку ќе се судреше со американски воен авион - еве како успеа пилотот!
Kristal

Патнички авион на компанијата „Џетблу“ на лет 1112 од Курасао кон аеродромот ЏФК во Њујорк мораше нагло да го прекине искачувањето за да избегне потенцијален судир со танкер на американските воздухопловни сили над Карибите, потврдија извори од авиокомпанијата и АП њуз.

Во разговор со контролата на летање, пилотот на „Џетблу“ го опиша инцидентот како „опасна ситуација“: „За малку ќе имавме судир во воздух. Еден авион помина директно пред нас, на околу 2 или 3 милји оддалеченост. Тоа беше танкер за полнење гориво на воздухопловните сили на САД и беше на наша надморска височина.“

Пилотот додаде дека воениот авион немал вклучен транспондер, што ја зголемило опасноста, и дека по маневарот танкерот се упатил во венецуелскиот воздушен простор. Тој истакна дека морале веднаш да престанат да се искачуваат за да избегнат судир.

Инцидентот се случува во време кога американската војска ја засилува активноста против трговија со дрога во Карибите, но и притисокот врз венецуелската влада. Федералната администрација за воздухопловство (FAA) минатиот месец издаде предупредување за авионите да бидат претпазливи при летови во венецуелскиот воздушен простор поради зголемената воена активност и влошената безбедносна состојба.

Портпаролот на „Џетблу“, Дерек Домбровски, потврди дека инцидентот е пријавен до соодветните власти и истакна дека екипажот веднаш го известил контролата и се придржувал до сите процедури за безбедност.

FixCredit
Escape