ПРВ.мк
Црна Хроника

Сообраќајна несреќа го потресе Скопје: Тешко повреден велосипедист - ова се деталите!

Сообраќајна несреќа го потресе Скопје: Тешко повреден велосипедист - ова се деталите!
Kristal

На 13.12.2025 година во 14:30 часот, во Скопје на крстосницата меѓу ул. „Димитар Туриманџовски“ и бул. „Трета македонска бригада“ се случила сообраќајна несреќа. Во инцидентот учествувале патничко возило „Пежо“ со скопски регистарски ознаки, управувано од М.Д. (28) од Скопје, и велосипед управуван од Б.З. (83) од Скопје.

Во несреќата, велосипедистот се здобил со тешки телесни повреди и бил пренесен во Комплекс клиники „Мајка Тереза“ во Скопје за медицинска помош.

По наредба на јавен обвинител, на местото на настанот извршен е увид од увидна екипа на СВР Скопје, а истрагата за причините за несреќата продолжува.

FixCredit
Escape