ПРВ.мк
Спорт

Македонски таеквондист во светската елита – бронзен медал за Димитриевиќ!

Македонски таеквондист во светската елита – бронзен медал за Димитриевиќ!
Kristal

Овој викенд, Македонската Традиционална Таеквондо Федерација (МТТФ) зеде учество на престижниот Светски куп „King of Taekwon-do“ во Солун, Грција, со тројца натпреварувачи и поддршка од националниот тренер Саша Поповски, потпретседателот на федерацијата Зоран Парулески и судијката Христијана Парулеска. Настапот на овој куп привлече над 1400 натпреварувачи од 21 држава.

Настап на младите и јуниорите Натпреварувачката Миа Танеска се натпреваруваше во категоријата јуниори – црвен појас, во дисциплината форми (борба со замислен противник), каде конкуренцијата броеше 38 натпреварувачи. Таа успеа да се пласира до четвртфиналето, освојувајќи високо деветто место. Во спаринг категоријата јуниори до +55 кг, Миа покажа борбеност и квалитет, но беше елиминирана во раната фаза.

Историски успех за сениорската конкуренција Најголемиот успех го постигна Владимир Димитриевиќ во сениорска спаринг категорија до -78 кг. И покрај повредата, тој освои бронзен медал, што претставува прв медал за МТТФ на Светски куп. Во елиминациската фаза, Димитриевиќ ја совлада домашната конкуренција од Грција, а во четвртфиналето забележа победа над претставникот од Естонија. Во полуфиналниот меч беше поразен од украинскиот натпреварувач, што му го оневозможи пласманот во финалето.

Овој бронзен медал ја заокружува 2025 година за Димитриевиќ со историски успех во сениорска конкуренција и претставува значаен чекор напред за МТТФ и македонското таеквондо, потврдувајќи дека ИТФ таеквондо се стреми кон врвот и кон позицијата спорт број 1 во Македонија.

Прв настап на новиот кадет На Светскиот куп требаше да настапи и Даниел Стојаноски, кој за првпат ќе ја претставува МТТФ во категоријата кадети до -40 кг, што ја покажува посветеноста на федерацијата на развојот на младите таленти.

FixCredit
Escape