ПРВ.мк
Спорт

КМФ Кеги Моби го игра последниот домашен натпревар во полусезоната

КМФ Кеги Моби го игра последниот домашен натпревар во полусезоната
Kristal

Оваа сабота, велешката сала „Гемиџии“ ќе биде центарот на футсалот. КМФ Кеги Моби Велес го пречекува тимот на КМФ Јувентус Серава во рамки на 8. коло од првенството, во последниот домашен натпревар пред зимската пауза.

Натпреварот се игра во сабота со почеток во 19:00 часот, а ова е уште еден важен предизвик за велешкиот состав, кој и овојпат ќе смета на поддршката од трибините.

Футсалот во Велес отсекогаш имал посебна енергија, а салата „Гемиџии“ знае како да биде шестиот играч на теренот. Ова е момент кога публиката прави разлика, кога заедно се бориме – играчи, навивачи и град.

Како знак на благодарност за поддршката, клубот подготви и награди и изненадувања за присутните гледачи на полувремето од натпреварот.

Организаторите упатуваат повик до сите љубители на спортот да бидат дел од овој натпревар и да го поддржат својот тим во завршницата на полусезоната.

За Велес. За футсалот. За спортот во нашиот град.

FixCredit
Escape

Најнови вести

Escape
Mia Home Mavrovo
Escape